Објавено на:

Трамп: Канада сама се уништува со неконтролираниот прилив на милиони луѓе

t

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оцени денеска дека Канада „се уништува самата себеси“ поради, како што наведе, доаѓањето на милиони луѓе во земјата без соодветна контрола и проверка, тврдејќи дека таквата политика предизвикува проблеми кои наскоро ќе бидат преголеми за решавање.

„Канада се уништува самата себеси со тоа што им дозволува на милиони и милиони луѓе да влезат во земјата, практично без контрола и проверка, кои создаваат проблеми што наскоро ќе бидат преголеми за решавање“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.

Тој додаде дека станува збор за „либерално преземање“ на Канада кое, како што тврди, „ќе заврши многу лошо“.

Трамп исто така наведе дека последиците од таквата политика се, наводно, веќе видливи, истакнувајќи ја високата невработеност во Канада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Канада сама се уништува со неконтролираниот…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Потврдена цврстата основа на македонско-канадското партнерство: Муцунски…

На маргините на Генералното собрание на Обединетите…

Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…

Карни ѝ нуди на ЕУ енергенси и…

Канадскиот премиер Марк Карни во средата предложи…

Карни: Канада ја прифаќа понудата за „придружно…

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада…