Објавено на:

Тргна денот: Македонија има европски шампион! Борачот Владимир Егоров е предвесник за победата на фудбалерите?

t

Македонскиот борач со руско потекло, Владимир Егоров, е нов европски шампион во категоријата до 57 килограми, откако попладнево славеше во големото финале на ЕП во Будимпешта против Алијабабас Рзазаде (Азербејџан) со 10-0.

Ова е фантастичен почеток на вечерта, која лесно може да биде една од најубавите во историјата на македонскиот спорт, со оглед што фудбалерите подоцна ќе ги одмерат силите со Португалија (20.45 часот) во клучниот меч во Порто по кој подобриот ќе се пласира на Мундијалот во Катар, анализира Спорт1.


За Егоров ова беше трет триумф на континенталниот собир во унгарската престолнина, откако вчера ги совлада Германецот Никлас Штехеле со 5-4 и Ерменецот Манвел Хнџрстјан со 10-0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прванов: Со кревање на ветото Бугарија ја…

Поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов, повика на…

Во ЕУ ќе се зајакнат македонскиот идентитет…

Министерката за европски прашања на Република Финска…

Рама: Или прифатете го францускиот предлог или…

Албанија ја повика Македонија да го прифати…

Во среда ќе се прска против комарци…

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на…

Тасевски: Пендаровски, ми се гади од тебе,…

Стево да ти кажам сега нешто без…