Тренчевска најавува раст на минималната плата: Ќе биде над 20.000 денари

t

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, во емисијата „24 отворено“ вечерва рече дека пресметките за минималната плата се прават врз основа на методологија која е донесена во март 2022 и оти тогаш ветиле дека ќе има постојан раст на платата со системско решение.

– Тоа решение нема да зависи од политичка волја, туку ќе биде согласно порастот на просечната плата и трошоците и секоја година во март ќе се носи одлука за пораст на минималната плата. согласно податоците од ДСЗ. Очекуваме да биде околу 20 200 денари минималната плата, значи ќе имаме минимална плата над 20 000 денари. Во март 2023 ќе имаме двојно зголемување на минималната плата во некои сектори кои исплаќаа по 8000 денари плата во 2017.- рече министерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата е од друга планета?! Народот мака…

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за…

Дали е сериозен? Ковачевски: Таму каде што…

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека таму каде…

Димовски: Да им се помогне на работниците…

Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија,…

Синдикатот на УКИМ бара за 4 години…

Синдикатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“…