Три жени ги мачел со електрошокови, кривична за маж од Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Пробиштип поради сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според МВР, осомничениот подолг временски период вознемирувал три жени, упатувајќи им закани, а во два наврати употребил и електрошок за да изнуди пари од нив.
Како што наведуваат од Министерството, на 3 јули 2026 година пријавениот ја вознемирувал В.Н., нејзината сестра и нивната мајка, при што со закани и употреба на електрошок изнудил вкупно 110.000 денари.
Против него е поднесена соодветна кривична пријава, а надлежните институции продолжуваат со постапката за расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три жени ги мачел со електрошокови, кривична…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе…
(Видео) Директорката на Комуналец спроведена со лисици:…
Според информации до кои дојдовме, во тек…
Најнова вест! Уапсена директорката на гостиварски „Комуналец“
Пред неколку минути, полицијата ја уапси директорката…
Клековски демантира: Во ниту еден момент немало…
Во ниту еден момент немало криење на…
До петок, променливо облачно и нестабилно со…
Денеска претпладне ќе биде сончево и многу…