Објавено на:

Турција повторно удри по курдите: Авионско бомбардирање во Сирија и Ирак

t

Турски воени авиони ги ракетираа позициите на курдската милиција, вклучително и кампови за обука, засолништа и складишта за муниција во Ирак и северна Сирија, соопшти денеска турското Министерство за одбрана, пренесе ДПА.

Авионите што учествувааа во овој напад на областите Дерик, Синчар и Карачак, по завршувањето на задачата се вратиле во своите бази, додаде агенцијата.

Британските медиуми јавуваат дека нема податоци за жртви и материјална штета предизвикана во овие напади на турските воздухопловни сили.

Турскиот министер за одбрана, Хуласи Акер, за ДПА изјави дека во операцијата „целосно се уништени засолништата, гнездата, пештерите на терористите”.

Според него, слични рации ќе продолжат „до неутрализирање на последниот терорист”.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека воздушната операција била насочена кон единиците на Курдската работничка партија (ПКК), која има бази во Ирак, како и врз Сириската курдска милиција ИПГ, која Турција ја смета за терористичка организација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Орбан побарал поддршка од Ердоган за мировната…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обиде да…

Ердоган смета дека НАТО не треба да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

Пожарите земаа 11 животи во Турција

Вкупно 11 лица загинаа во пожарите во…