Пожарите земаа 11 животи во Турција
Вкупно 11 лица загинаа во пожарите во стрништата во југоисточна Турција, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа, цитиран од државната телевизија.
Пожарот започна синоќа и се разгоре во различни области долж границата меѓу окрузите Дијарбекир и Мардин.
Коча извести дека од пожарот досега животот го загубиле 11 лица, а 78 се повредени. Во болниците во окрузите Шанлурфа и Дијарбакир има шест повредени, од кои пет се интубирани. Во моментов избувнувањата се изгаснати, а во тек се операции за ладење.
Министерот за правда Јилмаз Тунч на својот профил на социјалните мрежи објави дека главното обвинителство во Чанар започнало истрага во врска со пожарот што избувна од стрништата меѓу населбите во предградијата на градовите Чанар и Мазудаг, кој брзо зафати голема површина.
Погодените населби во Југоисточна Турција имаат претежно курдско население.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…