Турција: „Сериозни последици“ доколку Израел се обиде да убие член на Xамас на турска територијa

t

Турските разузнавачи ги предупредија Израелците дека ќе се соочат со „сериозни последици“ доколку се обидат да убијат членови на палестинскиот Хамас на турска територија, објави државната новинска агенција „Анадолија“.

Предупредувањето издадено доцна синоќа дојде откако Ронен Бар, шеф на израелската безбедносна служба Шин Бет, рече дека организацијата е подготвена да го уништи Хамас „каде и да се“, без разлика дали во Либан, Турција или Катар.

Агенцијата „Анадолија“, повикувајќи се на неименувани турски официјални лица, наведува дека е неопходно да се предупредат израелските власти дека нивните постапки „ќе имаат сериозни последици“.

Агенцијата, исто така, објави дека официјални лица рекле дека Турција спречила „незаконски активности“ на странски оперативци во минатото и дека на ниту една странска разузнавачка агенција нема да ѝ биде дозволено да спроведува операции на турска територија.

Израелската разузнавачка агенција Мосад беше обвинета за вмешаност во серија атентати на палестински екстремисти и ирански нуклеарни научници во странство во последниве години.

Турција беше домаќин на претставници на Хамас, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека неговата влада го смета Хамас за ослободителна, а не за терористичка организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силен земјотрес ја погоди Турција, се почуствува…

Земјотрес со размери од 4,8 степени според…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Пристигнува помош од Словенија, Турција, Србија и…

Орбан побарал поддршка од Ердоган за мировната…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обиде да…

Ердоган смета дека НАТО не треба да…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…

Нетанјаху објави листа: За ова не може…

Додека израелскиот тим се подготвува да отпатува…