Турција: „Сериозни последици“ доколку Израел се обиде да убие член на Xамас на турска територијa

t

Турските разузнавачи ги предупредија Израелците дека ќе се соочат со „сериозни последици“ доколку се обидат да убијат членови на палестинскиот Хамас на турска територија, објави државната новинска агенција „Анадолија“.

Предупредувањето издадено доцна синоќа дојде откако Ронен Бар, шеф на израелската безбедносна служба Шин Бет, рече дека организацијата е подготвена да го уништи Хамас „каде и да се“, без разлика дали во Либан, Турција или Катар.

Агенцијата „Анадолија“, повикувајќи се на неименувани турски официјални лица, наведува дека е неопходно да се предупредат израелските власти дека нивните постапки „ќе имаат сериозни последици“.

Агенцијата, исто така, објави дека официјални лица рекле дека Турција спречила „незаконски активности“ на странски оперативци во минатото и дека на ниту една странска разузнавачка агенција нема да ѝ биде дозволено да спроведува операции на турска територија.

Израелската разузнавачка агенција Мосад беше обвинета за вмешаност во серија атентати на палестински екстремисти и ирански нуклеарни научници во странство во последниве години.

Турција беше домаќин на претставници на Хамас, а турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган рече дека неговата влада го смета Хамас за ослободителна, а не за терористичка организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зголемен број на случаи на мали сипаници…

Од почетокот на оваа година во Турција…

Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…

Бројот на жртви во поплавите што ги…

Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…

Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…

Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…

По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…

Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…