Украина: СИТУАЦИЈАТА Е ТЕШКА, цела зима ќе живееме во таква реалност

t

Киев ќе живее во режим на екстремни ограничувања на електричната енергија во текот на зимата, изјави заменик-шефот на градската администрација Петар Пантелеев.

„Ситуацијата и понатаму е тешка. Продолжуваат реконструктивните работи. Но продолжуваат и ограничувањата, прекините на струја… и цела зима ќе живееме во таква реалност, тоа мора да се разбере“, изјави Пантелеев за телевизијата „Киев“.

Претходно украинскиот енергетски холдинг ДТЕК објави дека во Киев се уште се во сила итни прекини на струја, а стабилизацијата на напонот во електроенергетските мрежи на главниот град на Украина не е возможна повеќе од една недела.

Поради акутниот недостиг на електрична енергија предизвикан од руските напади врз украинската енергетска мрежа, во главниот град Киев во прекин е јавниот превоз со трамвај и тролејбус.

Градоначалникот Виталиј Кличко најави дека во замена на возилата на струја во промет ќе бидат пуштени дополнителни 222 автобуси на редовни линии.

Метрото во Киев не е засегнато од мерките за штедење струја.

Повторените руски напади врз украинската енергетска мрежа предизвикаа сериозни штети, особено во Киев. Кличко на почетокот на оваа недела изјави дека тримилионскиот град може да задоволи само половина од потребите за електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Дејли мејл“: Трамп бесен по изборниот пораз,…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја следел изборната…

Инфлацијата во еврозоната достигна 4%, енергијата поскапе…

Инфлацијата во еврозоната во октомври достигнала 4%…

Напредок во Реформската агенда, уставните измени остануваат…

Европската комисија денеска го усвои Пакетот за…

Извештај припишан на Си-би-ес: Трамп размислува за…

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за смена…

Хакерски напад врз француската „Креди Мутуел Аркеа“,…

Француската банкарска група „Креди Мутуел Аркеа“ потврди…