Улогата на пионите во „Големата шаховска табла“ – неделна колумна на Оливер Андонов

t

На 16-ти април се случија протести во Прага-Чешка против војната во Украина, т.н. „мировни“ протести. На 23-ти април низ цела Бугарија се одржаа протести под мотото „Мир и суверинитет“, во тек се протести во Србија. Веројатно наредните недели протести, под разно-разни изговори ќе се одржат и во Македонија. Всушност, во позадина, овие протестите се против НАТО, ЕУ и САД а со цел јавна подршка на Русија. Овие протести ќе се прошират во поголем број земји од т.н. Источна Европа, поточно поранешниот „Варшавски пакт“ и Југославија.

Иако навидум, според организаторите станува збор за спонтано собирање на граѓани со подршка на НВО и одредени партии, чиј “интерес“ е мирот, сопирање на војната во Украина и сувереност на државите, зад овие протести стои Русија, поточно главен организатор се руските безбедносни служби.

За да се разберат овие процеси и разоткрие вистинската позадина како и основните актери, треба да се направи мала историска реминисценција од пред три децении. Поточно настаните на „Големата шаховска табла“ (Збигнјев Бжежински) и улогата на пионите, како и „Крајот на историјата“ (Френсис Фукујама) и „Судирот на цивилизациите“ (Семјуел Хантингтон).

По рушењето на „Берлинскиот ѕид“, распадот на СССР и „Варшавскиот пакт“ започнаа политички процеси на плурализам, демократизација и приватизација. Но, паралелно со ове процеси започнаа и тајни процеси, далеку од очите на јавноста и пред се на западните демократии. Замозадоволно трошејќи го бенефитот од освојуваната победа во „Ладната војна“, западните демократии не ги видоа прикриените процеси (хипокризијата) кои ги диктираа старите комунистички структури, пред се преку „поразените“ безбедносни служби.

Имено, матрицата на комунистичките безбедносни служби беше да се контролира целото општество, во секој негов сегмент. Па така имаа агентурни позиции во секој сегмент на општественото живеење, се беше под контрола на Комунистичката партија, големите индустриски капацитети беа раководени од директно поставени нивни припадници во раководната структура, вообичаено тоа беше заменик директорот но Директорот беше нивен агент. Кога започна процесот на плурализам, демократија и приватизација на фабриките, процесите наводно беа водени од експерти од западот, всушност главните идеолози и реализатори беа “поразените„ комунистички структури со целосна логистика и диктат на службите за безбедност.

Првата манипулација беше формирањето на политичките партии. Старите комунистички партии само го сменија (станаа социјалдемократи) називот, се друго остана исто, кај најголем број на држави продолжија да владеат истите комунистички структури, само преоблечени во демократи. Новосоздадените партии апострофирани како од десна провиниенција, пред се за да се опфати народот, промовираа националромантизам за суверени и демократски држави, беа со префикс националистички. Овие партии беа формирани на иницијатива и со целосна логистичка подршка на комунистичките безбедносни служби. Организацијата, структурата, правните акти како и лидерите беа во организација на Службите. Кај најголем дел , за да се создаде мистичност како и лажно промовираат западните демократски вредности, се креираше јавно мнение дека предходно веќе биле создадени во државите со подршка од западните демократии, од наводните дисиденти. Кај најголем дел на новопројавените политичари и лидери на партии директно или посредно може да се пронајде нивната врска со цивилните или воени комунистички безбедносни служби. Потребно е само малку да се навлезе во нивната биографија (CV).

Потоа се пристапи кон главната поента, приватизација на стопанските и финансиски капацитети. За да се легализира грабежот со помош на „експерти“ од универзитетите, секако лојални членови на Комунистичката партија, бидејќи без да се биде член на Партијата не можеше да се биде Универзитетски професор, се создадоа законски одредби кои гарантираа дека стопанските капацитети ќе завршат во рацете на комунистичката и безбедносна номенклатура, беа елиминирани секакви можни изненадувања. На овој начин сиромашните поранешни комунистички директори поставени од Комунистичката партија, преку ноќ, станаа богати капиталисти. Но, секој капиталист си го имаше својот „ангел заштитник“, поранешниот припадник на безбедносните служби кој го регрутирал и остана под целосна негова контрола. На тој начин беше создаден комунистичкиот „дип стејт“, и се функционира до ден денес на истиот начин. Наводните бизнисмени се само декор, глумци кои ги извршуваат наредбите на старите комунистички служби. Тие одредуваат која партија ќе се финансира и промовира, кој ќе победи на изборите и како ќе се моделираат општествените процеси.

Паралелно со овие процеси започнаа и процесите на наводен плурализам на јавното мнение и слобода на говорот. Со подршка на финансиите од заграбените производствени и финансови капацитети се создадоа „независни медиуми“, сопственици на овие медиуми беа лојални членови на комунистичката партија вработени во големите државни информативни куќи. Така со голема доза на хипокризија пред западните ментори за создавање на независни медиуми се создадоа медиуми кои го креираа јавното мнение по барање на комунистичките служби. Во периодот до т.н. распад на комунизмот, заради спроведување на комунистичката идеологија, новинарите беа главна продолжена рака на службите за безбедност, сите без исклучок беа соработници на службите за безбедност и за тоа беа добро платени. Оваа симбиоза продолжи.

Новосоздадените фирми исто така беа создадени по иницијатива на комунистичката и безбедносна номенклатура. Најголем дел од сопствениците беа поранешни припадници на службите за безбедност или нивни соработници. Нивниот економски растеж е под директна координација на службите и најголем дел од профитот завршува во рацете на поранешните припадници на комунистичката и безбедносна номенклатура. Во главно овие огромни финансии ограбени од државите, т.н. „Крвави комунистички милијарди“, како и надополнети од западните фондови (манипулацијата и плачкосувањето на овие фондови е посебна „спортска дисциплина“ за комунистичките олигарси) за помош на развој на државите, завршија на приватните сметки во банките од западните држави. Овие средства по потреба се активираат кога се избори или за потребите на креирање на соодветно јавно мнение како и организирање на протести како што се предходно споменатите.

Истите процеси течеа и во останатите домени на социјалното живеење култура, спорт, социјален живот, благосостојба. Се во крајна линија беше насочено да се покаже колку е лош, непродуктивен, безмилостен , социјално непродуктивен новосоздадениот демократски систем проектиран по западни вредност, односно „благодарение“ на човековите права на “ЛГБТ“ заедницата, колку е неморален па дури сатанистички. Протурајќи „експертски“ анализи за распадот и пропаста на ЕУ, САД и анахроноста на НАТО. Ова креирање на лошо јавно мислење за западните вредности беше можно бидејки старите комунистички структури од поранешниот комунистички блок, како и нивните парабезбедносни структури во ниту еден момент не престанаа меѓусебно да комуницираат и тајно се договараат за менаџирање на општествените процеси. По урнек на предходните парадигма, каде Москва е синоним за комунизмот и вистинските вредности, координацијата на овие процеси беше преку Москва.

Оваа историска манипулација од комунистички маштаб, западните држави не ја видоа пред се поради возгордеаноста од „победата над комунизмот“ па непресметливо почнаа со раздавање и безмилосно трошење на аквизициите од оваа „победа“. Овој процес течеше три децении без да биде забележан „благодарение“ на псевдоинформациите кои ги добиваа западните држави од безбедносните служби, голем дел на НВО, бизнисмени и политичари сите под контрола и во координација со старите „поразени“ комунистички безбедносни служби. Така што сите анализи се покажаа како неточни. Поради ова дојде и до изненадување по однос на политики кои се покажаа поблиску до Русија одколку до западните демократии. Како пример Бугарија: манипулациите со пет изборни процеси и невозможноста да формираат Влада. Проруското влијание од Претседателот на државата , лидерите на политичките партии и воениот врв. Хипокризијата кон партнерите од ЕУ и НАТО е очигледна и нескриена. Состојбите во Македонија каде партиите во меѓусебен договор ги попречуваат бенигните уставни реформи за да не се започнат преговори со ЕУ. На конто ова е и последниот говор во ЕУ од страна на т.н. Премиер на „РСМ“ како и промената на наративот на ДПМНЕ, копи-пасти на наративот на „Возраждане“ (Преродба). Исмислен наводен национален спор со Бугарија кој директно штети на НАТО кохезијата во јужното крило на НАТО. Србија промовира, како и Бугарија социјални истражувања на јавното мнение со над 70% подржувачи на Русија. Судирот на Србија и Косово е под целосен „менаџмент“ од Русија, поради големиот број на агенти на Русија и Србија во политичкото раководство на Косово. Од Агим Чеку (поранешен офицер во ЈНА) па до Аљбин Курти врз кого големо „влијание“ имаат 9-те месеци поминати во затвор во Србија. Исти се состојбите и во Босна, измислениот судир помеѓу трите етноса, кои не дозволуваат да се создаде унитарна држава. Секако и овде се вклучени старите комунистички структури од Србија и Хрватска, контролирани од Русија. Во средината на Европа се најголемите црни бизниси со кои пред се менаџира Русија. Босна е државата со најголем број на компании за производство и трговија со нафта во цел свет. Црна Гора каде Русија има најголеми инвестиции, наводно се повлечени, а всушност само се заменети сопствениците со лица прифатливи за западот, една голема манипулација. Како и јавното мнение во Црна Гора кое е под целосна контрола на Србија односо Русија. Иста е состојбата и во Унгарија, а набргу ќе се покажат на јаве, како што се покажа во Чешка, Романија и Словачка.

Оваа перфидна игра на комунистичките и безбедносни структури е всушност хипокризијата која не ја видоа западните демократии, дека процесите во овие држави се водени и креирани од Москва додека на западните демократи им се создаде привидност дека тие се „spiritus movens“ на демократските процеси во земјите од поранешниот комунистички лагер. Ова е основната причина за се поголемото влијание на Русија која процени дека е дојдено времето да ги активира расположивите капацитети во „агенти од влијание“ и „конзервирана“ структура во моделирање на јавното мнение во нејзина корист. Така што протести и немири ќе има се повеќе со политички цели, но секако прикриени под плаштот на: протест за мир, социјална правда, сиромаштија, пропаст на економијата, човекови права, против Истамбулската конвенција, против еднополови бракови, против педофилија и др. Не е дека овие протести немаат силна основа во општествата структуирани од автократските „комунистички системи“. Но во позадина целта е да се создадат нестабилни држави па поради национална нетрпеливост; Македонија-Бугарија; меѓунационален судир во Македонија, Албанци – Македонци; Србија – Косово; внатренационален судир во Босна. По можност да се отвори друго воено жариште во светот. А „бурето барут“, „мекиот стомак на Европа“, Балканот секогаш бил најподобен за тоа бидејќи секогаш ја инволвира Европа во балканскиот воен судир. Тоа е „Улогата на пионите на Големата шаховска табла“ која западните високи политички структури не ја видоа. Прашањето е како да се одигра дамин гамбид за да се поправат нештата?

Во шестата недела по Пасха (Неделата на Слепиот)

Вонреден професор д-р Оливер Андонов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите донатори на Трамп?

На веб-страницата Open Secrets ја најдовме актуелната…

Скопјанец агресивно се однесувал и упатувал закани…

На 20.07.2024 во Скопје, полициски службеници од…

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска го славиме Св.…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…

Хороскоп за понеделник (22 јули)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е Александар Македонски…

На денешен ден 22 јули (според некои…