Унгарија ги блокираше европските санкции кон Русија

Унгарија повторно го блокираше шестиот пакет санкции против Русија на состанокот на амбасадорите на ЕУ, со барање лидерот на Руската православна црква, патријархот Кирил, да биде избришан од листата на санкционирани лица.
Со тоа барање Унгарија го блокираше усвојувањето на шестиот пакет санкции, кој вклучува ембарго за увоз на руска нафта испорачана со бродови, откако беше постигнат политички договор на ниво на шефови на држави или влади. За овој договор да стане закон, треба да биде одобрен од амбасадорите или министрите на земјите-членки.
Според дипломатски извори, во тек се консултации со Будимпешта за укинување на блокадата. Во четврток попладне во Луксембург повторно е закажан состанок на Комитет на постојани претставници, составен од амбасадорите на земјите-членки.
„Патријархот се смета за долгогодишен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и стана еден од главните поддржувачи на руската воена агресија против Украина“, се вели во предлогот за санкции на ЕУ.
Унгарија и претходно беше пречка за усвојувањето на шестиот пакет санкции бидејќи бараше изземање од забраната за увоз на руска нафта или голема финансиска компензација за нејзината согласност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги преминаа сите граници на пристојност
Соединетите Американски Држави, во обид да воспостават…
(Видео) Русија нема да застане: Ова е…
Русија нема да застане во Украина, сите…
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…
Европската унија со остра осуда на заканите…
Европската унија (ЕУ) денеска ги осуди заканите…