Учениците се враќаат во клупите на први

t

Министерот за здравство Беким Сали рече дека второто полугодие во училиштата ќе започне со физичко присуство бидејќи, затоа што епидемиолошката состојба го дозволува тоа, а Министерството за здравство ќе прави случаен скрининг меѓу учениците.

Доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, министерот најавува дека ќе бидат преземени мерки.

– Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерството ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки – одговори министерот изјави Сали на новинарско прашање.

Во врска со најавите на иницијативите дека децата ќе ги испратат во училиште без маски, министерот упати апел објаснувајќи: „Маски треба да се носат и личната хигиена е најважна“.

Според Сали, сите иницијативи кои се преземаат од родители и одредени групи не сносат правна одговорност и тоа го прават на сопствен ризик и избор, а притоа додаде дека ИЈЗ и МЗ имаат искуство со пандемии и епидемии кај децата и според нивните искуства нема да има потреба од изолација односно онлајн учење во овој период затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела.

Министерот напомена дека бројот на заболени е намален изминативе денови.

– Нема зголемување, туку забележуваме дека има опаѓа на бројот на заразени, па поради тоа сметам дека нема потреба од нови мерки – вели Сали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лоша вест за пушачите: Поскапуваат цигарите

Од вчера за десет денари од кутија…

Германската министерка се сретнала и со пратениците…

Вчера пред Комисијата за надворешна политика во…

Голема полициска акција: Уапсени дилери на автопатот…

На наплатната рампа пред Тетово, на автопатот…

Спасовски – Мејер: Интензивна македонско-американска соработка и…

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на…

(Фото) НИ ДОАЃА НАЈТОПЛИОТ ДЕН ЗА ОВАА…

Во сабота попладне ќе има локално наоблачување…