Уште се силат: Пуштени од притвор, нема ни пријава за лицата кои го искршија македонскиот клуб во Бугарија
Пуштени се од притвор двајцата општински службеници во Благоевград и нивните сопруги кои го вандализираа македонскиот клуб во градот. Притоа не е поднесена пријава, јавува бугарската телевизија Нова.
Јас сум иницијаторка за тоа што се случи. Ова не е вандалски чин. Ја покажавме нашата длабока огорченост и незадоволство од случувањата на бугарско-македонската граница. Нашата држава беше понижена од РМ – изјавила за телевизијата Људмила Костадинова, една од сторителите.
Костадинова била кандидатка за градоначалничка на Благоевград на последните два циклуси локални избори.
Двајцата мажи пак, вработени во јавното претпријатие „Озеленување“ во општината Благоевград велат дека го делат мислењето на иницијаторката Костадинова и дека се приклучиле на чинот.
Требаше да се покаже дека сè уште има будни Бугари кои се заинтересирани за нашата земја – рекол Николај Иванов, еден од нив.
Вчера градоначалникот на Благоевград изјави дека ќе ги казни сторителите за вандализирањето кога ќе бидат казнети цариниците во Македонија, кои, според него, „предизвикале ментално и физичко насилство врз многу Бугари“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Филипче и Заев се пазареле со…
Случајот со Ива Михаилова ја потврдува тезата…
ЕУ го прекори Рама поради насилството на…
Европската Унија изрази сериозна загриженост поради ескалацијата…
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВА ВОЈНА: Техеран…
Иран би можел да изврши директен превентивен…
НОН-ПЕЈПЕР НА АВСТРИЈА, ЧЕШКА И СЛОВАЧКА БАРА…
Австрија, Чешка и Словачка, во заеднички неофицијален…
Трамп повторно со територијални амбиции: Канада ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја отвори…