Хајредини за средбата во Тирана: ЕУ и САД од двете држави бараат од политичката сцена да ги оддалечат корумпираните политичари, а не да се сликаат со Еди Рама
Прозападната ориентација е на сите Албанци на Македонија, без исклучок, пишува Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии, на Фејсбук.
„За оваа цел, нема потреба од било каква средба во Тирана. ЕУ и САД постојано од двете држави бараат од политичката сцена да ги оддалечат корумпираните политичари, а не да се сликаат со Еди Рама во Тирана“.
Од средбата со Рама, додава Хајредини, корист и разбирање од него очекува само „лидерот“ кој, како никаде во светот, за самиот да се спаси од одговорност, со закон го забранил објавувањето на кривични дела за криминал и корупција, кои произлегуваат од тајните прислушувања.
„Нема сомневање дека и Рама оваа средба ја свикал за оваа цел“, коментира Хајредини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ и МВР разбиле сајбер-шема: 20-годишник од…
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава…
Тошковски: Трговијата со луѓе е глобален проблем,…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше…
Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија…
Македонија во август ја посетиле вкупно 244.513…
„Хакер“ од Мала Речица паркирал бесплатно, па…
Дваесет и двегодишен жител на Мала Речица…
Потерницата за Михајлова стигнала во бугарското МВР
Бугарското Министерство за внатрешни работи добило известување…