Објавено на:

Хрватски европратеници го нападнаа Макрон: „Недостојни луѓе ја водат Европа во пропаст“

t

Остри критики кон Европската унија поради односот кон Србија беа упатени од повеќе хрватски европратеници за време на расправата во Европскиот парламент за испраќањето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ во Белград.

Хрватските европратеници се разликуваат во оценките за реакцијата на европската комесарка за проширување Марта Кос, но се согласни дека ЕУ и европското раководство треба поцврсто да реагираат кон Србија.

Кос порача дека случувањата во Белград се „длабоко вознемирувачки“ и спротивни на европските вредности. Таа претходно го откажа планираниот престој во Белград поради свеченото испраќање на Младиќ со највисоки почести, а најави и дека неодамнешните случувања во Србија ќе бидат земени предвид во извештајот за земјата што треба да биде објавен кон крајот на октомври.

Сепак, Кос не најави конкретни мерки кон Србија, посочувајќи дека одлуките за конкретните чекори во пристапниот процес се во рацете на Советот на ЕУ.

Тонино Пикула, известувач на Европскиот парламент за Србија, оцени дека Кос е единствената претставничка на Европската комисија која „зборува навистина јасно“ за случувањата во Белград. Според него, Комисијата не реагирала доволно и „паднала на испитот“.

Пикула порача дека е оправдано да се постави прашањето дали ЕУ воопшто треба да ги продолжи преговорите со Србија додека земјата ја води актуелната власт.

Европратеникот Гордан Босанац ја пофали Кос, но оцени дека Европската комисија можеби тактички чека да завршат изборите во Србија за да реагира појасно, за да не му даде дополнителна предност на српскиот претседател Александар Вучиќ во предизборната кампања.

Тој смета дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не треба да патува во Србија во октомври, бидејќи тоа би претставувало директно мешање во изборниот процес.

Хрватската европратеничка Жељана Зовко, пак, оцени дека реакцијата на Кос не е доволна и дека испраќањето на Младиќ со највисоки почести бара многу посилен одговор.

Зовко го критикуваше и францускиот претседател Емануел Макрон затоа што го прими Вучиќ само неколку дена по испраќањето на Младиќ. Слична критика упати и европратеникот Давор Иво Штир, кој оцени дека средбата и пречекот на Вучиќ покажуваат политичко неразбирање и погрешна проценка.

Стивен Никола Бартулица порача дека Хрватска треба да има поцврст став кон Србија и да бара воена отштета како основен услов за каков било напредок во пристапните преговори.

Во Европскиот парламент беше отворено и прашањето за односите меѓу Српската напредна странка на Вучиќ и Европската народна партија. СНС и понатаму има статус на придружна членка на ЕПП, иако пред една година беше најавена внатрешна проверка на нејзиното членство.

Пикула оцени дека по најавата за проверката „ништо не се случило“ и порача дека со одлуката на Вучиќ практично да влезе во предизборен сојуз со Војислав Шешељ „паднаа сите маски“.

Кос, сепак, нагласи дека Србија не треба да се поистоветува со актуелните случувања и со оние што ги величаат воените злосторници. Таа посочи на младите, претприемачите, јавните службеници, уметниците, новинарите и другите граѓани што сакаат земјата да оди напред, оценувајќи дека „таа Србија“ заслужува поддршка и има место во Европа.

Босанац, пак, порача дека не треба да бидат заборавени граѓаните што ги осудуваат воените злосторства, но истакна дека неговата партија „Можеме!“ се залага за замрзнување на преговорите со Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватски европратеници го нападнаа Макрон: „Недостојни луѓе…

Остри критики кон Европската унија поради односот…

Ѓорѓиевски најави бесплатни денови за депонирање во…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за…

„ИЛОВИЦА-ШТУКА“ МОЖЕ МНОГУ ЛЕСНО ДА БИДЕ ИЗДРЖАН…

Сега е моментот да се приклучиме кон…

Стан во Центар продаден за 3.360 евра…

Стан од 50 квадрати, од кои четири…

Добра вест за скопјани: БРТ пред тендер,…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва…