Цените на нафтата скокна на 106 долари

t

Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа кон 106 долари, откако трговците останаа разочарани од индиректните разговори меѓу САД и Иран насочени кон ставање крај на конфликтот – разговори за кои се очекуваше дека ќе го отворат патот за нормализирање на испораките низ Ормускиот теснец.

На пазарот во Лондон, цената по барел порасна за 2,81 долар во споредба со вчерашното затворање, достигнувајќи 105,89 долари. На американскиот пазар, цената се зголеми за 2,55 долари и изнесуваше 94,71 долар.

Во текот на првата половина од неделата, пазарите ги следеа изјавите од Вашингтон и Техеран на Генералното собрание на Обединетите нации, барајќи знаци за можен чекор кон решавање на конфликтот.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот нема да заврши пред конгресните избори закажани за ноември. Потоа, Иран ќе мора да избира меѓу договор и разорна војна, додаде Трамп.

Во меѓувреме, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан нагласи дека Иран никогаш нема да попушти пред притисокот на САД.

Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, во вторникот на платформата „X“ напиша дека иранските и американските претставници одржале долги индиректни разговори на маргините на собранието на ОН.

Рундата разговори е „успешно завршена“, а посредниците ја продолжуваат својата работа, додаде Виткоф.

Ставовите на Иран и САД во однос на решавањето на конфликтот остануваат спротивставени, но дипломатијата мора да продолжи, изјави во средата за Ројтерс неименуван висок ирански функционер.

Според него, делегациите разговарале за отворање на Ормускиот теснец и укинување на американската блокада. Техеран веќе навести дека би можел да го отвори теснецот доколку Вашингтон го намали воениот притисок и ја укине блокадата на иранските пристаништа.

Физичкиот пазар на нафта не е ни блиску до целосна нормализација, забележува Пријанка Сачдева од „Филип Нова“ (Phillip Nova).

Цените на нафтата во Лондон и понатаму вклучуваат додаток за геополитички ризик и повисоки трошоци за транспорт, бидејќи нафтата на меѓународните пазари е подиректно изложена на нарушувања на Блискиот Исток и во Ормускиот теснец, додава Сачдева. Американскиот пазар е во нешто подобра позиција благодарение на релативно изолираното домашно снабдување, додаде таа.

Посебни пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) покажаа дека во средата барел од „кошницата“ нафта на нејзините членки поевтинил за 1,50 долари и изнесувал 107,69 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата скокна на 106 долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа…

Саудиска Арабија откажува и одложува испораки на…

Саудиската државна компанија „Арамко“ откажа или одложи…

Цената на нафтата скокна над 100 долари…

Цената на суровата нафта „Брент“ во средата…

Берзите се тресат- нафтата над 95 долари,…

Светските финансиски пазари повторно се најдоа под…

Цената на нафтата се зголеми, откако САД…

Цените на нафтата утрово се тргуваа за…