Централниот Комитет ги поддржува пратениците да не гласаат за уставни измени
Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница во Велес, на која се дискутираше за актуелните политички случувања во државата.
На седницата се донесоа два заклучоци:
1. Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува атакот и загрозувањето на безбедноста на пратеникот Петар Ристески изразен преку палење на неговиот автомобил, како и палењето на автомобилот на началничката на секторот за урбанизам во општина Прилеп.
Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ бара подитно да бидат изведени пред лицето на правдата не само сторителите туку и организаторите на тој дрзок и криминален чин, а кои се наоѓаат во врвот на власт, да не се замајува јавноста со периферни ликови кои треба да служат за алиби и одолговлекување на вниманието од вистинските сторители и инспиратори.
2. Централниот Комитет дава целосна и силна поддршка на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во нивната одлука да се спротистават на Уставните измени како еден од најзначајните механизми на спречување на процесот на идентитетско обезличување и асимилација кои ги прифати антимакедонска власт на предавникот Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ обвинува: За две години, Владата ја…
Ново политичко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3000…
Почетокот на новата учебна година повторно отвори…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот на СДС повторно…
Талогот на СДС и Венко Филипче продолжуваат…