Чаниште и трите манастири се безбедни, огнот се движи кон Крушевица
Не постои опасност за прилепското село Чаниште и за трите манастири, тие се безбедни и огнот се контролира, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој рече дека пожарот се движи во насока на мариовското село Крушевица.
„Линијата е многу долга, но јас сум оптимист дека барем оваа линија денеска ќе ја изгаснеме благодарение на четирите „пинцгауери” на Дирекцијата, како и огнените тимови на Дирекцијата коишто се поддршка на пожарникарите од Прилеп. Овој крак верувам дека ќе го изгаснеме“ рече Ангелов.
Посочи дека во реонот има три манастири и нагласи дека тие се обезбедени, како што рече, преку контролирање на огнот со правење на пресеки.
„Не постои опасност за овие три манастири што се наоѓаат овде. Рано утрово дојде полициски хеликоптер, повторно наместивме базен за вода — монтажен базен од којшто хеликоптерот ќе полни вода, но тешко е на ова место употребата на хеликоптер бидејќи на некои места со перките го распалува. Иако фрла вода, ефектот е обратен, затоа и веќе нема да го користиме овде хеликоптерот“ вели Ангелов.
Тој додаде дека „ер тракторите“ ќе почнат со работа набргу откако хеликоптерот ќе се тргне.
„Важно е дека немаме опасност по ниту едно село. Сите пожарникари, сите лица коишто учествуваат во гаснењето се живи и здрави. Во текот на вчерашниот ден, работник со багер ја има повредено ногата, дополнително чекаме информации каква повреда има“ соопшти Ангелов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чешка нуди помош за решавање на спорот…
Чешка е подготвена да помогне во барањето…
Митески: Има заболени од западнонилска треска во…
Во Општина Аеродром има граѓани заболени од…
(Фото) Пациент од Охрид со владиниот авион…
Пациентот Д. Н. од Охрид, кој се…
Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што…
Република Чешка го поддржува членството на Северна…
Осумгодишно дете во мавровско Велебрдо повредено со…
Осумгодишно дете од селото Велебрдо, Општина Маврово…