Што потпишува Костадиновска-Стојчевска во Софија?
Во Софија, Република Бугарија, денеска, ќе се одржи третиот состанок на Четвртата работна група за билатерална соработка меѓу двете земји, која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, младите и спортот.
На состанокот ќе учествуваат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и на Агенцијата за млади и спорт, Марко Ѓоргиевски и Наумче Мојсовски.
Во рамките на денешната средба е предвидено и потпишување на неколку билатерални документи, меѓу кои: Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Бугарија за периодот 2022 – 2025 година; Програма меѓу Владите на Република Македонија и на Република Бугарија за соработка во областа на образованието и науката за периодот 2022 – 2025 година; Меморандум за соработка во областа на младите и спортот, како и Меморандум меѓу националните агенции Еразмус + и Европскиот корпус за солидарност.
По состанокот се предвидени изјави за медиуми на министерката за култура на Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и на министерот за образование и наука на Бугарија, Николај Денков.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Мисајловски: Горди на независноста, посветени на иднината
Нека ни е честит 8 Септември –…
Фон дер Лајен: Украина ќе може да…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Путин го уверил Трамп: Русија нема апсолутно…
Рускиот претседател Владимир Путин му го претставил…
Ранет е 48 годишен скопјанец, пукале кон…
МВР информира дека рано утринава околу 01:50…