Ѓорѓиевски најави бесплатни денови за депонирање во „Дрисла“, камери и парични награди за пријавување вандализам

t

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за време на гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ ги коментираше актуелните проблеми со несоодветното одлагање на отпадот и уништувањето на урбаната опрема низ градот, нагласувајќи дека градот е на сите скопјани и дека за почист и подобро уреден простор е потребна заедничка одговорност.

За време на емисијата, откако беа прикажани снимени кадри од паднат покрив кој оштетил автомобили и оштетена инфраструктура во Општина Центар по силното невреме, Ѓорѓиевски најави итна интервенција и покрај тоа што локацијата не е под директна надлежност на Градот:

„Иако не е наша територија, туку е на општина во рамките на Град Скопје, утре веднаш ќе ги испратам нашите екипи да расчистат. Жалам што граѓаните досега го немаат пријавено ова преку официјалниот мејл на Градот. Имавме преку 270 паднати дрва низ цела Скопје и постојано им помагаме на општините и на граѓаните. Верувам дека веќе до утре вечер оваа слика ќе биде минато.“

Коментирајќи ги сликите со фрлен мебел и кујнски елементи зад празни контејнери, градоначалникот апелираше за поголема совесност и најави нови мерки за стимулирање на правилното одлагање на отпадот:

„Имаме 2.500 микролокации во Скопје, а јас немам 2.500 инспектори за да контролирам сè. Граѓаните велат дека поевтино им е да платат казна отколку да платат транспорт и депонирање во ‘Дрисла’. Затоа, уште на наредните седници на Советот ќе предложам да воведеме еден или два бесплатни денови во месецот за граѓаните да можат без надомест да го депонираат својот кабаст отпад. Дополнително, размислуваме и за воведување парични награди за граѓаните кои ќе снимаат и ќе пријавуваат вакви девијантни појави.“

Ѓорѓиевски се осврна и на зачестениот вандализам врз јавните површини, посочувајќи го примерот со Лотос фонтаната во Градскиот парк, која откако беше комплетно реновирана, трипати за кратко време беше ишарана со графити.

„Завршуваме постапка за поставување камери на над 200 локации во градот — не само каде што се создаваат диви депонии, туку и кај парковите и детските игралишта. Сите снимки со вандализам ќе бидат директно препраќани до Министерството за внатрешни работи. За овие деликти не е доволна само парична казна, туку мора да има кривична и морална одговорност, како од сторителите, така и од нивните родители доколку се работи за малолетници“, порача Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски најави бесплатни денови за депонирање во…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за…

„ИЛОВИЦА-ШТУКА“ МОЖЕ МНОГУ ЛЕСНО ДА БИДЕ ИЗДРЖАН…

Сега е моментот да се приклучиме кон…

Стан во Центар продаден за 3.360 евра…

Стан од 50 квадрати, од кои четири…

Добра вест за скопјани: БРТ пред тендер,…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва…

Се враќаат на мала врата: Унгарија предложи…

Унгарската влада достави во парламентот предлог-закон со…