Јакимовски за „Гласот на Америка“: Јас не живеам за ништо материјално, живеам за историја

t

„Јас се кандидирам за претседател и претседателот мора да мисли за државата. Не може заради т.н. црна листа јас да ја мразам цела Америка. Најнормално е дека ние ќе соработуваме со САД. Тие се воедно гарант за постоењето на Република Македонија“ вели меѓудругото претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски во интервју за Гласот на Америка.

На прашање зошто граѓаните да го дадат гласот за Јакимовски, по што е различен од другите кандидати, вели:

„Затоа што сум поискусен во однос на другите, затоа што полесно разликувам битно од небитно. Затоа што многу лесно ги утврдувам вистинските приоритети, затоа што гледам тоа што на граѓаните им треба, затоа што во мојата животна и работна кариера имам многу резултати. Затоа што сум во зрели години, имам 64 години. Имам прекрасно семејство. На мене веќе не ми треба ништо. Практично се борам да напишам историја и ништо повеќе од тоа“.

За неговото непотпишување на Кодексот за фер и демократски избори вели „Идејата за државно финансирање за медиумското презентирање на кандидатите за пратеници и претседатели е да се поттикне политичкиот плурализам. Идејата е да се поттикне и да се поддржи ако има нова идеја, нова програма, нова партија. Не е идејата да се финансира партијата што е на власт и да се финансира главната опозициска партија. Целосно наопаку е свртена целата таа работа. Јас да сум претседател пет години и мене да ми следува милион и 650.000, а моите противкандидати да земаат по стотина илјади, самиот ќе речам тргнете дел од мене, не сакам нефер кампања. Нема витештво меѓу овие, да кажам, двајца претставници на големите партии“.

На прашање доколку Јакимовски не влезе во вториот круг, дали ќе гласа за некој од кандидатите и дали би го повикале членството да даде глас за некој од тие што би се пласирале, вели:

„Историјата покажува дека за моите политички противници сум најопасен кога сум потценет. Потценет сум и во оваа изборна кампања. Обично, во вториот круг други одлучуваат да гласаат за мене, а не јас за нив. И, не знам зошто би ја сменил таа навика и во оваа претседателска кампања. Имајќи во предвид дека не гледам фаворит по знаење, по идеја, ниту по програма. Јас не живеам за нешто материјално или за докажување допрва. Јас живеам за историја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…

Обвинителството ја проверува и отфрлената претставка за…

Меѓу списите кои ги проверува обвинителството во…