Јане Бабаровски, осуден за несреќата кај Ласкарци, ја издржува казната во Идризово

t

Во официјално соопштение, Судот информираше дека осудениот Јане Бабаровски веќе еден месец ја издржува својата затворска казна во КПУ Идризово, додека за спроведувањето на сите останати осудени лица, вклучително и оние по кои се трага, прстот го впери кон Основниот суд во Гостивар.

– Во однос на повеќе медиумски прашања за извршување  на правосилната пресуда на осудените лица во предметот со К.бр. 1407/19, поврзан со автобуската несреќа кај село Ласкарци, ја информираме јавноста дека согласно Законот за извршување на санкциите, Основниот кривичен суд Скопје е надлежен за извршување на санкцијата на осудениот Јане Бабаровски, кој со упатен акт на судија за извршување санкции, започнал со извршување на 5 годишната затворска казна во КПУ Идризово на 09.10.2025 година.

Извршувањето на санкцијата кај сите останати осудени лица во конкретниот предмет, согласно местото на живеење, е во надлежност на Основен суд Гостивар, стои во соопштението на Судот.

Ова појаснување доаѓа по серијата медиумски прашања и јавниот притисок поврзан со извршувањето на правосилната пресуда за предметот К.бр. 1407/19, познат во јавноста како „Дурмо Турс“, особено по информациите дека дел од осудените не се достапни за органите на прогонот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејствата на загинатите во Ласкарци по укинувањето…

Семејствата на загинатите и повредените во автобуската…

Врховниот суд објави образложение за укинување на…

Врховниот суд го објави образложението на одлуката…

Манасиевски: За кубење коса 4 години, за…

Ова се двојните аршини на мал дел…

ВЛЕН: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот…

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата…

Јане Бабаровски, осуден за несреќата кај Ласкарци,…

Во официјално соопштение, Судот информираше дека осудениот…