Јотова: Бугарија е подготвена за разговори со Македонија, но без ултиматуми и отстапки од политиката на ЕУ
Бугарија е подготвена на разговори, но без ултиматум и отстапки од европската политика – Мицкоски да заборави дека прашањето е билатерално.
Ова го изјави бугарската претстдателка Илијана Јотова, по пораките на премиерот Мицкоски и шефицата на Европската Комисија Фон дер Лаејн, од Скопје.
Јотова рече дека е умерен оптимист и ќе побара од шефицата на бугарската дипломатија Петрова Чамова да ѝ ја даде на увид дипломатската нота од Муцунски, со барање за средба во Софија.
Се надева дека Фон дер Лајен била „исклучително цврста“ со Мицкоски, и порача дека прво треба да се реши случајот со Ива Михајлова.
Илијана Јотова претседателка на Република Бугарија : Сè уште не ги знам деталите од тет а тет разговорот со г-ѓа Фон дер Лајен. Се надевам дека овој пат таа беше исклучително цврста. За овој разговор да биде сериозен, г-дин Мицкоски мора многу добро да ја прочита европската политика во однос на проширувањето. Република Северна Македонија треба да заборави дека ова е билатерално прашање, како што тој се обидува да го претстави. Ние секогаш сме биле отворени за разговори со нив, но разговори без ултиматуми и без попуштање пред европската политика. Бугарија е дел од Европската Унија и не можеме да дозволиме земја што тргнала по европскиот пат да не ги прифати вредностите и доблестите на Европската Унија, а уште помалку да зборува со ултиматумски тон, но да останеме умерени оптимисти.
Премиерот Мицкоски вчера изјави дека доколку Бугарија одбие средба, уште еднаш ќе се потврдат тезите на Владата. Според него, не е паметно Софија да ја отфрли понудата, но одлуката за тоа е суверено право на бугарската страна.
Иако не е задоволен од пораката на Фон дер Лајен за уставните измени, Мицкоски изјави дека разговорот бил пријателски и позитивен. Понудата за билатерална средба во Софија, ја нарече конструктивен предлог од Фон дер Лајен.
Експертите, пак, гледаат придвижување и сметаат дека разговорите со Бугарија може да бидат шанса за деблокада на преговорите со ЕУ до крајот на годината.
Александар Кржаловски МЦМС : Мислам дека е добра шанса, затоа што Европската Унија, иако можеби не се гледа тоа многу или повеќето граѓани сметаат дека истото го кажа Урсула фон дер Лајен, но пак ќе речеам, ако се слуша и гледа внимателно и особено текстот од „Политико“, мислам дека содржеше чекори во насока на она што нашата влада го бараше. Во таа смисла, мислам дека има некое придвижување и се надевам како проевропеец дека нешто ќе се случи на задоволство на двете страни, не да прифаќаме истото што беше и претходно, туку во некој координиран процес, сепак да се откочи целата работа.
Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Скопје, порача дека е договорен првиот чекор за деблокада на македонските евроинтеграции. Без да прецизира дали во иднина ЕУ би се вклучила во разговорите со Софија, порача дека Владата треба да иницира средби со бугарските власти.
Изјави дека по деблокадата на преговорите и добивањето патоказ, ЕУ со добредојде ќе ги пречека македонскиот идентитет, јазик и култура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова: Бугарија е подготвена за разговори со…
Бугарија е подготвена на разговори, но без…
Иран: Го осудуваме насилното задушување на студентските…
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи,…
Иран постави услови за нормализирање на пловидбата…
Иран нема да дозволи нормализирање на пловидбата…
Јеменската влада најави голема операција против Хутите
Јеменската влада поддржана од Саудиска Арабија најави…
Тајзи доби син, на бебето му дадоа…
Ова е најубавиот ден во нашите животи.…