Објавено на:

Абазовиќ: Зошто ви пречат Србите во Црна Гора? За да продолжите да карадете, шверцувате кокаин и градите хидроцентрали?!

t

Оние кои се за статус кво во Црна Гора генерираат исти теми поврзани со црквата, знамињата, национализмот, вели премиерот на црногорската влада во технички мандат Дритан Абазовиќ и прашува кому му пречат Србите во Црна Гора, дали на тие што сакаат да продолжат да крадат.

Тие што се за статус кво, генерираат исти теми „црква, знаме, национализми, поделби, ние сме поделено општество. Зошто сме поделено општество? Да шверцуваме кокаин и пури, затоа сме поделено општество? Зошто ти пречат Србите? За да крадете пари од граѓаните на Црна Гора, окупирате реки и изградите мини-хидроцентрали за вашите деца. Затоа ли ви пречат Црногорците, Албанците, Бошњаците?“, праша Абазовиќ во интервју за загрепски Вечерњи лист.

Абазовиќ посочува дека размислува поинаку и би сакал оваа порака да се пренесе во регионот.

„Јас велам борба против корупцијата, против луѓето кои проневеруваат од државата и ќе видите како се повеќе ќе се собираат нациите меѓу себе, или религиозните групи или луѓето кои имаат индивидуално различни идентитети. Но, тоа е невозможно без правда, заклучил Абазовиќ чија изјава е објавена на Твитер профилот „Правда на неправдата“, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Абазовиќ со порака до Србија и Косово:…

Црногорскиот премиер, Дритан Абазовиќ, убиството на косовскиот…

Абазовиќ ги повика граѓаните на одговорност и…

Претседателот на црногорската Влада Дритан Абазовиќ стравува…

Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…

Абазовиќ ја прифати поканата на Зеленски да…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ ја прифати поканата…

Абазовиќ најави посета на Србија на 29…

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ најави дека официјално…