Авганистан ќе купува гас и нафта од Русија
Авганистан планира да ја прошири економската соработка со Русија, сака да купува гас и нафта и е решен да потпише конкретни договори, изјави за РИА Новости, авганистанскиот вршител на должноста амбасдор во Москва, Џамал Насир Гарвал.
Водиме разговори на полето на бизнисот и финансиите. Одлучни сме и навистина сакаме да ја развиеме економската соработка со Русија за да постигнеме напредок во односите. Што се однесува до конкретните области, ние сме заинтересирани за купување гориво, гас, тоа што пред сè и треба на нашата земја.
Ние сме решени да постигнеме договори меѓу Авганистан и Русија и да потпишеме конкретни спогодби, рече Гарвал.Џавал Насир Гарвал, кого го назначија талибанците, почна да работи во Москва во април, откако руското Министерство за надворешни работи му додели официјална акредитација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Путин ја претстави најновата руска нуклеарна…
Рускиот претседател Владимир Путин во петокот учествуваше…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
(Видео) Три руски ракети Х-101 експлодирале во…
Во Полска на 20 ноември експлодирале три…