„Луфтханза“ влегува на македонскиот пазар
Стартуваше новата авиолинија Франкфурт – Скопје на Луфтханза. Првиот авион слета на Меѓународниот Аеродром-Скопје со што се означи влезот на авиокомпанијата на македонскиот пазар.
Како што истакнаа генералниот директор на ТАВ Метин Батак и регионалниот директор на групацијата „Луфтханза“ Петер Пулем, новата линија ќе има големо влијание во поврзувањето на двете држави, дијаспората која живее во Германија и ќе влијае на развојот на економијата. Новата авиолинија – од Скопје до Франкфурт се реализира со субвенции од Владата.
Покрај „Луфтханза“, субвенции за нови авиолинии доби и унгарски „Виз Ер“. Од 1 ноември ќе бидат воведени летови од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПИШТОЛ ПРОНАЈДЕН КАЈ УЧЕНИК ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ…
На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно…
Мајкрософт ги отстрани проблемите по глобалниот прекин…
Компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека нејзините сервиси повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
ЗАКОПАНИ МИЛИОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО УНГАРИЈА – запленети…
Унгарската Национална служба за обновување и заштита…