АВМУ за однесувањето на Филипче кон медиумите: Апсолутно е недозволиво да користи дискредитирачка реторика

t

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во однос на изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во која беа изнесени обвинувања и квалификации за политичка и финансиска зависност на ТВ Алфа.

-Јавното етикетирање и инструментализација на медиумите во политички конфронтации не е во согласност со демократските принципи, ниту со гарантираната слобода на изразување. Апсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика која придонесува кон поларизација во медиумскиот простор и може да ја наруши довербата на јавноста во медиумите. Доколку постојат сомнежи за евентуални незаконитости или нерегуларности во работењето на медиумите,  наместо преку јавни обвинувања или политички квалификации тие треба да се изнесат пред надлежните институции за понатамошно постапување, се наведува во нивното соопштение.

АВМУ ги повикува сите политички субјекти да се придржуваат кон одговорна и конструктивна комуникација и да се воздржат од изјави кои можат да ја нарушат довербата во медиумите или да создадат притисок врз нивното работење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…

Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…

*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…

Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…

Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…