АВСТРИСКИОТ ПОЛКОВНИК ПРОГНОЗИРА КАТАСТРОФА ЗА УКРАИНЦИТЕ: Русите напаѓаат на неколку локации, полека, но константно го кршат фронтот
Вооружените сили на Русија ги имаат сите можности да го пробијат фронтот во Украина, што ќе доведе до катастрофални последици за украинската армија, тврди австрискиот армиски полковник Маркус Рајснер во интервју за телевизијата ЗДФ.
Тој истакна дека ситуацијата за вооружените сили на Украина е критична.
– Русија напаѓа повеќе локации во исто време, вкупно 17 локации – рече Рајзнер и додаде дека има пет главни области. Како што рече, Русија „полека, но стабилно“ се движи низ територијата.
– Руската пенетрација може да доведе до домино ефект… Украинските војници ќе мора да се повлечат, веројатно нема да можат да се справат со тоа – смета експертот.
Поради недостигот на муниција, Украина е принудена полека да се повлече. „На Украина итно и треба муниција“, тврди Рајснер.
Во четвртокот, врховниот командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски, рече дека ситуацијата во правец на Авдеивка и Запорожје останува тешка за вооружените сили на Украина, признавајќи ги погрешните пресметки на командата и потребата од употреба на резервни сили.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски на завршниот митинг во Брвеница: Филипче…
Изборите во Брвеница се и порака за…
Северна Кореја тестираше нов торпедо опремен со…
Северна Кореја успешно тестираше подводен систем со…
(Видео) Супертанкер со повеќе од два милиони…
Силна експлозија и голем пожар зафатиле супертанкер…
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Еротеј
Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува…