Австрија воведува лотаријата како поттик за вакцинација

t

Австриската влада се договори со најголемата опозициска партија, Социјалдемократската партија (СПО) да започне лотарија како поттик за зголемување на стапката на вакцинација.

Покрај задолжителната вакцинација, која треба да стапи на сила од почетокот на февруари, Владата сега распишува и лотарија со која на вакцинираните ќе им се овозможи да добијат ваучери во вредност од 500 евра.

За поттикнување на вакцинацијата, Владата планира пакет од околу 1,4 милијарди евра – една милијарда евра за лотаријата и 400 милиони за стимулации за општините.

Секој во регистарот на вакцинирани има можност да добие награда. Се предвидува секој десетти вакциниран да има шанса да освои ваучер од 500 евра. И тоа се однесува на оние кои веќе се вакцинирани, како и оние кои допрва треба да се вакцинираат.

Ваучерите може да се користат во австриски компании – продавници, ресторани, хотели, културни и спортски институции.

Лотаријата ќе започне на 15 март, а се очекува акцијата да трае до крајот на декември.

Владата нагласува дека е важно парите да не одат за онлајн купување, туку за компаниите кои се особено погодени од пандемијата.

Канцеларот Карл Нечамер вели дека оваа мерка треба да биде награда за оние кои се веќе вакцинирани и дека треба да биде поттик за оние кои се уште не се вакцинирани, пренесува Танјуг.

Постои и систем за финансиска стимулација за општините.

Тоа во основа значи дека општина со 3.000 жители, која ја достигнува стапката на вакцинација, може да добие 30.000 евра, а 85 отсто 60.000 евра а за 90 отсто дури и 120.000 евра.

Тие пари општината потоа може да ги инвестира во градинки, игралишта или други комунални проекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европратеникот Шидер: Македонија може да напредува и…

Македонија може да напредува и да стане…

Се огласи српскиот амбасадор во Австрија: Во…

Не можеме да располагаме со информациите, со…

24 години ја силувал сопствената ќерка, си…

Австриски суд денеска соопшти дека ја поништил…

Австрија го задржува ветото за влез на…

Австрија го задржува своето вето за приклучување…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…