Автобус полн со патници се преврте во Словачка, 28-мина меѓу кои и деца, се тешко повредени

t

Автобус полн со патници денеска доживеа несреќа во околината на словачкиот град Кошице, во која тешко се повредени 10 лица, но нема извештаи за загинати, дознава ТАСР од портпаролот на Оперативниот центар за итна медицинска помош, Петра Климесова.

Во автобусот имало 54 патници. Десет пациенти добија прва помош и итно беа пренесени во болниците во Кошице и Требишов. Меѓу нив имало и три деца на возраст од 1 до 15 години – рече Климесова.

Таа додаде дека медицинскиот персонал главно лекувал повреди на главата, стомакот и екстремитетите.

Дополнителни 28 пациенти се пренесени во болниците со автобус за евакуација на противпожарната бригада, додека останатите 16 патници одбиле медицинска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил удрил во човек во инвалидска количка

На улицата „Борис Трајковски“ во Скопје се…

Трагедија: Маж загина откако со мотоцикл удри…

На 06.09.2026 година околу 13:00 часот во…

Тетовец возел со три промили алкохол во…

На 05.09.2026 во 13:00 часот, полициски службеници…

Тешка сообраќајка пред Блаце – долги колони…

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот…

Автомобил и автобус на ЈСП се судриле…

Патничка во скопски градски автобус вчера завршила…