Автобус потона во замрзнатото Бајкалско Езеро, загинаа седум кинески туристи
Седум кинески туристи загинале во петокот откако туристички автобус пропаднал низ мразот на Бајкалското Езеро во Сибир, објави „Ен-ди ТВ“.
Автобусот паднал во пукнатина во мразот, широка три метри, и потонал, соопшти регионалната подружница на руското Министерство за вонредни ситуации во објава на социјалните мрежи.
„Спасувачите извршија преглед со подводна камера. Пронајдени се телата на седум лица,“ се наведува во соопштението.
Националноста на жртвите не беше експлицитно наведена, но гувернерот на Иркутската област изјави дека станува збор за странски државјани и дека „е известен Генералниот конзулат на Народна Република Кина“.
Гувернерот Игор Кобзев изјави дека, според сведоци на настанот, еден турист успеал да излезе од автобусот пред тој да потоне.
Возилото било пронајдено на длабочина од 18 метри под површината на езерото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Турција: Се преврте туристички автобус,…
Четири лица загинаа, а 15 се повредени,…
Осуммина загинати откако автобус се излизга од…
Осум лица загинаа, меѓу кои и едно…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…