Автобус со 20 луѓе падна во река во Санкт Петербург
Според прелиминарните податоци, автобусот со 20 патници ја пробил оградата на мостот и паднал во реката Моика во Санкт Петербург, соопшти прес-службата на регионалниот оддел на Министерството за внатрешни работи на Русија.
Итната помош соопшти дека во несреќата едно лице загинало, а пет се хоспитализирани.
Според информациите, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во неколку автомобили, ја пробил заштитната ограда и слетал во реката во центарот на Петербург.
Според соопштението, припадниците на итната помош во моментов ги извлекуваат патниците од водата.
Во акцијата за спасување биле ангажирани 69 припадници на итната помош и 18 возила.
Полицијата соопшти дека возачот на автобусот е приведен, поведена е кривична постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагедија во Турција: Се преврте туристички автобус,…
Четири лица загинаа, а 15 се повредени,…
Осуммина загинати откако автобус се излизга од…
Осум лица загинаа, меѓу кои и едно…
Училишен автобус се удри во воз во…
Неколку лица загинале откако воз се судрил…
Автобус прегази 81-годишна жена на Партизанска
Автобус во Скопје прегази 81-годишна жена на…
Едно лице е повредено во судир на…
Едно лице е повредено откако се судриле…