Објавено на:

Автомобил влета во луѓе на железничка станица во Франција — еден човек загина, а десетина се тешко повредени

t

Еден човек загина, а најмалку десет се повредени синоќа откако возач намерно влетал со автомобилот во пешаци пред железничката станица во францускиот град Кан. Инцидентот на северот од Франција го потврдија локалните власти, пишува Ројтерс.

„Последиците се сериозни. Имаме едно загинато лице, седум лица се во критична состојба, а тројца од нив се тешко повредени, но нивните животи се надвор од опасност“, изјави за новинарите префектот на департманот Калвадос, Давид Клавиер.

Властите потврдија дека возачот е уапсен кратко време по нападот. Според достапните информации, станува збор за маж роден во Русија кој не им е познат од претходно на разузнавачките служби.

Мотивите на напаѓачот засега остануваат непознати. Во тек е полициска истрага, која вклучува детален преглед на снимките од безбедносните камери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицаец се запали среде протести во…

Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…

Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…

Франција се подготвува за нови протести со…

Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…

Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…

Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…

Се урна воен авион во североисточна Франција

Воен авион се урна во вторникот доцна…