Автомобил излетал од булеварот „Јане Сандански“ – четворица се повредени
71-годишен жител на Свети Николе вчера попладнето со автомобил излетал од булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром, при што тој е тешко повреден, а повредени се и тројцата сопатници, меѓу кои и две деца, соопшти МВР.
„На 01.12.2024 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „мицубиши колт“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(71), излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници од Скопје и уште една сопатничка В.Т.(64) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, пишува во полицскиот билтен.
На местото увид извршила екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…