Објавено на:

Авторката на романот „Како да го убиете сопругот“ прогласена за виновна за убиство на нејзиниот сопруг

t

Љубовна романсиерка која го напиша роман насловен, „Како да го убиете сопругот“, беше прогласена за виновна за убиството на нејзиниот сопруг пред четири години.

Ненси Крамптон Брофи (71) е осудена за убиство од втор степен, откако американската порота во Портланд ја разгледала смртта на готвачот Даниел Брофи за време на дводневното судење, објавија странските медиуми.

63-годишникот бил убиен додека се подготвувал за работа во Кулинарскиот институт Орегон во Југозападен Портланд. Ненси Крамптон Брофи не покажала никаква видлива реакција кога ја слушнала пресудата во преполната судница.

Лиза Максфилд, една од нејзините адвокати, рече дека тимот на одбраната планира да поднесе жалба.

Ова доаѓа откако обвинителите им посочија на поротниците дека мотивот на Ненси Крамптон Брофи биле проблеми со пари и полиса за животно осигурување.

Таа за време на судењето рече дека немала причина да го убие сопругот и дека нивните финансиски проблеми биле главно решени, но беше откриено дека таа поседува иста марка и модел на пиштол како тој со кој е убиен нејзиниот сопруг, иако полицијата никогаш не го пронашла оружјето.

Ненси Крамптон Брофи, исто така, беше видена на снимките од надзорните камери како вози до и од Кулинарскиот институт, а тоа го покажаа судските докази и сведоштва.

Таа за време на судењето сведочеше дека нејзиното присуство во близина на кулинарско училиште на денот на смртта на нејзиниот сопруг било обична случајност и дека го паркирала автомобилот во таа област за да пишува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погребан матичниот лекар Ацо Трпковски, нема осомничени…

67 годишниот Ацо Трпковски – матичен лекар…

УБИЕНОТО ДЕТЕ ВО ПРИЛЕП ИМА САМО 14…

Момче на 14 годишна возраст синоќа околу…

Српската полиција на нозе, се контролираат сите…

Веста за бруталното убиство на Вања не…

Издадена меѓународна потерница за Љупчо Палевски, осомничен…

Министерството за внатрешни работи издаде меѓународна потерница…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…