Агелер: Ако ние најдовме докази за корупција, тогаш можат и македонските институции
Американската амбасадорка, Анџела Агелер денеска порача дека дел од граѓаните гледаат со неверување на одлуката на Стејт департментот за проширувањето на црната листа со Артан Груби и Енвер Беџети. Вели дека ги видела критиките кон САД во однос на тоа „зошто го правите ова, кога нема судски процеси и постапување во земјава“.
-Тоа е затоа што ние овде немаме припадници на полиција или претставници на судската власт. Задолжени се според законот во САД да ги санкционираме лицата за кои имаме индиции за криминал и корупција. Што ќе се случува понатаму е до законодавството и судството во земјава. Но, можам да кажам дека ако ние можевме да најдеме докази, можат и македонските институции. Ако доказите се достапни, имате Финансиска полиција, Обвинителство, судии… Постои процес и мислам дека граѓаните сакаат да видат дека ќе се случи понатаму. (Законот за) Рестриктивните мерки беа одлична идеја, но, ние не можеме да контролираме кои закони ќе поминат, истакна Агелер на прес-конференција во американската амбасада.
Таа додаде дека се надева дека со оваа акција ќе стане јасно дека САД можат и ќе ги употребат сите средства што им стојат на располагање за да ги изнесат на одговорност сите лица кои извршиле криминални дејствија и ја поткопале стабилноста и демократските вредности на Македонија.
Агелер го повтори својот претходен став дека „корупцијата е епидемија и рак рана во општеството“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…
Иранската војска ги предупреди САД: Новата војна…
Портпаролот на иранската војска, бригадниот генерал Мохамед…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
САД бараат од балтичките сојузници да не…
Официјални лица од Пентагон во последните недели…