Адвокатот на Васил најави жалба за затворската казна: Не може од овој настан да се спроведува нова казнена политика!
Адвокатот и бранител на обвинетиот Васил Јованов, Сашко Дуковски, изјави дека ќе се жалат до Апелација на 12-годишната затворска казна.
Според Дуковски претходните вакви случаеви се казнувале со помали казни, па и тој бара истата да се намали.
„Бидејќи признавме вина, очекувана беше осудителна пресуда. Ваква пресуда не е во согласност со воспоставената пракса. Иста ваква сообраќајка, во 2019 година, на истото место, завршена е со правосилно со 3,5 години затвор. Сетете се на пресудата во Велес, само со еден прекршок повеќе – правосилно заврши со осум години. Само за тоа преговарам. Не може од овој настан да се спроведува нова казнена политика. Сметам дека не е ценето во доволна мера признанието на вина“, рече Дуковски.
Возачот Васил Јованов кој на пешачки премин ја прегази Фросина Кулакова поминувајќи на црвено светло, е осуден на 12 години затвор. Јованов доби и забрана за управување со моторно возило. Судијката Снежана Марковска рече дека најниската казна за делото за кое се гони Јованов е четири години, а највисоката е 20 години.
Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, лут од висината на казната, ја напушти судницата.
„Судот е мафија!“, рече тој и излезе од салата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…
Бебе на возраст од 11 месеци е…
Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…
Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…
Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…
Ден на жалост во Бугарија по тешката…
Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…