Адвокатот на Груби вели дека нема основи на сомневање за сторено кривично дело
Адвокатот на Артан Груби, Владимир Доневски денеска со соопштение до јавноста информира дека до денес неизлегле во јавноста бидејќи одбраната, а исто така и гонењето на осомничениот се води во судска постапка, а не преку медиуми.
„Откако е отпочната оваа кривична постапка, ние како одбрана зедовме активно учество во сите дејствија кои се преземаат.
По утврдување на она со кое досега судот располага и анализа на аргументите на јавното обвинителство, според нас нема основи на сомневање за сторено кривично дело предвидено со закон.
Одбраната и сите аргументи ќе бидат изложени во рамки на законски предвидената постапка, се со цел да биде убеден и судот ијавниот обвинител дека нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува Артан Груби.
Се надеваме дека сите учесници во оваа кривична постапка ќе останат имуни на очигледната политизација на процесот и Ке ја задржат непристрасноста и независноста и одлуките ќе ги носат, како и ние, врз основа на јасни правни аргументи.
Со оглед дека судењата се јавни, медиумите и целокупната јавност Ке можат да го следат процесот и сами да донесат заклучок дали постојат докази за утврдување на вина кај Артан Груби“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа…
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека „Алта банка“ немала забрана…
САД ја укинаа забраната за летови, се…
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА)…
ЗАКОПАНИ МИЛИОНИ ПРОНАЈДЕНИ ВО УНГАРИЈА – запленети…
Унгарската Национална служба за обновување и заштита…
Трамп ќе се сретне со Путин и…
Белата куќа денеска потврди дека американскиот претседател…
Не им требаат било какви работници –…
Европскиот пазар на труд се соочува со…