Адвокатот на Зекири поднесе жалба за определената мерка притвор

t

Александар Трајковски, адвокатот на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, вели дека денеска до Кривичниот суд ја поднел жалбата за притворот, кој му беше одреден синоќа.

-Жалбата е поднесена до Кривичниот суд, кусо ни изјави адвокатот Трајковски.

Судија на претходна постапка доцна синоќа му одреди 30 дневен притвор на Зеќири, по отворена истрага за склучен договор за консултантски услуги, со кој наводно заедно со уште двајца хрватски државјани, незаконски присвоиле 145.000 евра.

Притворот му беше одреден по сите три основи и тоа поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на кривичното дело.

Од друга страна пак Зеќири уште пред да се упати кон судот си даде неотповиклива оставка, со што третиот основ за одредување на притвор “виси”, односно ако не е на истата позиција, не би можел и да го повтори делото.

Сега се очекува одлуката на судот за тоа дали досегашниот генерален секретар ќе остане во притвор во “Шутка”, или ќе му биде одредена поблага мерка.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања останува во притвор!

Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…

Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…

Обвинителството бара 48 часовен притвор за тројца…

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје…

Скопјaнка го прободела бившиот партнер со ножици,…

Жена осомничена за обид за убиство на…