Адеми пробал да тренира, но чувствувал болка – нема да игра со Малта!
По Столе Димитриевски, Македонија ќе биде хендикепирана и за отсуството на Аријан Адеми, на вечерашниот натпревар со Малта (20/.45 ч.)
Фудбалерот на Динамо Загреб инсистираше да се приклучи на репрезентацијата, откако ја пропушти и Италија, во саботата, меѓутоа на синоќешниот тренинг станало јасно дека не може да игра.
Уште на загревањето почувствувал болка од истата повреда која беше главна причина за отсуството и во саботата. На тој меч со Италија, селекторот Благоја Милевски реши Агон Елези да биде замена за Адеми од првата минута, покрај Јани Атанасов и Енис Барди во средниот ред. Вечерва Македонија ќе биде и без првиот голман, Столе Димитриевски, кој се повреди на натпреварот со Италија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„УШТЕ КОЛКУ ЖИВОТИ ТРЕБА ДА ЗГАСНАТ?“ –…
„До кога ќе ни се повторуваат трагедии…
Сејф сити“ ќе ја покрие цела Македонија
Министри, директори и црковни лица – никој…
Кина собори економски рекорд: Трговскиот суфицит надмина…
Кинескиот трговски суфицит достигна 1,04 трилиони долари…
Американски воени авиони евакуирани од британска база…
Американското воено воздухопловство евакуирало авиони од воена…
Русија: Нема да се согласиме на примирје,…
Русија нема да се согласи на уште…