АД ЕСМ од домашно производство ги задоволи потребите на струја во текот на вчерашниот ден

t

АД ЕСМ на 08.12.2022 година произведе 13.766 MWh електрична енергија, од кои 11.203 MWh од термоелектраните и 2.563 MWh од хидроелектраните и Ветерниот парк Богданци.

АД ЕСМ со сопственото производство целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи во изминатото деноноќие, како и најголемиот дел од количините за дополнително снабдување по субвенционирана цена за мрежата на ЕВН Електродистрибуција.

ЕСМ Продажба набави 2.210 MWh електрична енергија, наменета исто така за дополнителни снабдувања по владини одлуки за потребите на МЕПСО, капацитети од прехранбената индустрија, училишта, јавни претпријатија и други објекти од виталната инфраструктура во државата.

* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 08.12.2022 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ за…

Приговорот на ЕСМ е доказ дека обвинителите…

Мицкоски: ЕСМ вложи жалба за предметот со…

Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ЕСМ вложило…

ЕСМ поднесе приговор до ОЈО ГОКК за…

ЕСМ поднесе приговор за затворената истрага за…

ЕСМ ќе се жали на одлуката на…

АД ЕСМ сè уште не го доби…

Ќе се трошат стоковните резерви на мазут,…

Утре е закажана седница на Влада на…