МЕПСО бара цената на струјата да се покачи за над 60 отсто?!

t

Националниот електропреносен систем оператор АД МЕПСО , до Регулаторната комисија за енергетика достави барање за корекција на цената за пренос на електрична енергија. АД МЕПСО бара покачувањето на тарифата за пренос на електрична енергија од 68%. Барањето се однесува на периодот од 01.07.2022 до 01.07.2023 година и како што велат од таму, тоа е единствено решение во услови на се посложена ситуација на пазарот на електрична енергија. Најголемо влијание во барањето за зголемување на цената според АД МЕПСО има зголемувањето на трошоците за обезбедување системски услуги кои во најголем дел се обезбедуваат од страна на ЕСМ и зголемените трошоци за набавка на електрична енергија за обезбедување на загубите во преносната мрежа а кои се набавуваат на отворениот пазар.

“Причините за ваквото барање се повеќеслојни и не се должат на влошени резултати во работењето на компанијата, туку на објективни причини врз кои АД МЕПСО нема никакво влијание. Енергетската криза која почна да се засилува од втората половина на минатата година значително влијаеше на зголемените цени на електричната енергија на светските берзи, што во значителна мера ги зголеми пред се трошоците за покривање на загубите во мрежата’’, посочуваат во МЕПСО.

Како илустрација, компанијата го наведува фактот дека лани за покривање на загубите во мрежата биле потрошени 8,6 милиони евра, а за оваа година поради високите берзански цени на електричната енергија, се проценува дека ќе бидат потребни три пати повеќе или околу 26,7 милиони евра.

Со претходното барање за корекција на преносната тарифа што АД МЕПСО го достави до РКЕ, беше барано 88 % зголемување но регулаторната комисија одобри 23,7%.

„И покрај високиот процент кој го бара АД МЕПСО за следните 12 месеци, сакаме да потенцираме дека учеството на преносната тарифа на АД МЕПСО нема големо влијание врз крајната цена на електричната енергија за потрошувачите и таа изнесува околу 4 %’’, велат од компанијата.

Потсетуваат дека единствениот приход што го остварува АД МЕПСО е преносната тарифа која ја одредува Регулаторната комисија за енергетика, но и дека средствата од пренос на електрична енергија се најголемиот извор на финансии од каде компанијата ја обезбедува својата ликвидност и се покриваат инвестициите во преносниот систем кои вклучуваат реализација на планираните проекти и редовно сервисирање на преносната мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЕПСО е цел на кибер-напади!

Македонскиот електропреносен оператор, МЕПСО АД Скопје се…

Кина му помага на партнерот од БРИКС…

Јужна Африка ја доби првата серија кинески…

Левица: Државната ЕСМ Продажба да ја преземе…

Денови повторно е актуелна темата за законската…

ГИ УДРИЛО СТРУЈА ДОДЕКА ГАСНЕЛЕ ПОЖАР Повредени…

СВР Охрид соопшти дека синоќа околу 23…

Дел од Општина Карпош утре без струја

Во текот на утрешниот ден, без електрична…