Ако Бугарите бараат да влезат во македонскиот Устав, тогаш мора и Македонците да влезат во бугарскиот Устав

t

Доколку се бара да Бугарите влезат во македонскиот Устав, во случајот во Преамбулата, тогаш мора и Македонците да влезат во бугарскиот Устав. Како што се Македонците дел на пример од српскиот, хрватскиот Устав, зошто да не бидат дел и од бугарскиот Устав. Значи кога нешто барате треба и да сте спремни исто да го понудите и од својата страна“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Трилинг“ на 24 телевизија.

Николоски додаде дека има доста голем број на Македонци во Бугарија, а за тоа тврдат и пресудите до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, каде што има пресуди во однос на непочитување на правата на Македонците во Бугарија.

„Има основа овдека за реципроцитет“, рече Николоски. Николоски посочи дека многу работи се кријат од јавноста. „Во однос на користење на скратеното име, тоа е дел од т.н. објаснувачки меморандум кој што Бугарија го приложи кон одлуките на Европскиот совет во март 2019 година. Можеби и јавноста се сеќава дека Владата тоа го криеше од јавноста. И јас тоа преку некои свои канали го добив и прв го презентирав во јавноста. Таму има многу посуштински прашања. На пример, овој дел кој што се поврзува со т.н. територијални претензии што е смешна работа сама по себе е директно поврзан и со македонскиот јазик и одат во една иста глава каде што Бугарија го спори постоењето на македонскиот јазик. И Бугарија бара две работи, првата работа е истиот да биде именуван како официјален јазик на Република Македонија, а не како македонски јазик. Значи да се избрише терминот македонски. И вториот е да се докаже дека македонскиот јазик во суштина е само т.н. јазична форма народски кажано дијалект на бугарскиот јазик. Тоа е директно удирање во темелот на македонската држава за тоа што основата на македонската држава е македонскиот народ и останатите кои што живеат во Македонија и македонскиот јазик“, нагласи Николоски.

Николоски рече дека ако еден од тие два столба се удри, тогаш се доведува во прашање постоењето на државата. Е поради тоа тука нема простор за преговори за тоа што тоа се фундаментални прашања за кои што преговори нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Бугарија долго време е на патот…

„Денеска властите во Софија преминаа на практично…

Бугарија го одложи воведувањето на такса за…

Бугарија го одложи воведувањето на надоместокот за…

Австрија сѐ уште го блокира влезот на…

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер…

Кочо Анѓушев ја заокружи милијардата која Мицкоски…

Зборовите "јадете колачиња" во "Ако немате леб,…

Бугарија е најнесреќната нација во ЕУ

Истражувањето покажа дека задоволството од животот е…