Ако има пожари Господ да ни е на помош: Само еден авион за гаснење пожари е сервисиран

t

Доколку и ова лето има големи пожари можеме само да се помолиме на господ да ни прати дожд. Власта не ја научи лекцијата од лани кога беснееја пожари и кога моравме да викаме помош од неколку земји кои дојдоа со опремени пожарникари, авиони и хеликоптери.

Оваа година сезоната на пожари ја дочекуваме целосно неподговени. Од трите авиони наречени „Ер трактор“ во функција е само еден. Останатите два се расипани.

Поранешниот премиер Зоран Заев лани во август кога имаше големи пожари во Кочани и Берово вети дека тие ќе бидат сервисирани за десет дена“.Оттогаш помина една година но авионите не се поправени.

Тоа го потврди и директорот на Центарот за управување за кризи Стојанче Ангелов кој вели дека први се што е во негова моќ да бидат подготвени доколку има пожари.

-Премиерот Заев даде наредба но состојбата беше толку компикувана што авионите и до ден денеска не се направени.Еден е вратен сервисиран, вториот е на сервис и треба да се врати во секој момент а третиот се уште не е испратен-објасни Ангелов во емисијата „Заспиј ако можеш“ на „Алфа“.

За волја на вистината Ангелов и ЦУК не се надлежни за авионите туку тоа е надлежност на Дирекцијата за зашитита и спасување која една година не направи напор колку толку да бидеме подготвени за претстојните пожари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…