Ако Мицкоски продолжи вака нема ни Господ му помогне, вели Филипче
Залудно е што премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Будимпешта ја цитира Библијата кога дома ја урнисаа економијата, направија цените да растат без контрола, ја задолжија државата и ја одзема иднината на младите и нивната можност за прогрес, порача вечерва претседателот на СДСМ Венко Филипче на трибината со социјалдемократската младина во Струмица.
„Откако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја урнисаа економијата, откако направија цените да растат без контрола да не можат луѓето една кошничка да си наполнат, откако платите немаат абер да растат, откако во земјоделството се намалија субвенциите и за откупот на оризот, и за сточарите, и за лозарите, откако нè задолжија со седум милијарди евра и откако направија сè да си го постават системот така, да тие седум милијарди евра си ги добијат однапред договорени странски компании, на коишто подизведувачи ќе им бидат само ВМРО ДПМНЕ -вчера го слушам премиерот на собир во Будимпешта, ја цитира библијата. Сакав да му порачам дека ако продолжи вака, ни Господ нема да му помогне“, рече Филипче во Струмица.
Филипе пред младината зборуваше за целокупните погрешни политики на оваа влада меѓу кои и задолжувањето кое ќе остане на терет на младите генерации.
Тој се осврна и на скршувањето од европската агенда и потребата за враќање на Македонија онаму каде што заслужува да биде, а тоа е во европското семејство на народите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…