Ако неопределените направат партија ќе ги згазат сите: ВМРО и СДСМ со мртва трка до дното во рејтинг

t

ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ и во истражувањето спроведено од Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје (ИДСЦС), врз основа на анкетното истражување кое содржи 60 прашања, спроведено во фокус-групи во април, во 8 плански региони во земјава, со вкупно 77 учесници, демографски поделени по возраст, род, професија, етничка припадност, место на живеење и политичка определба.

Теренската анкета била спроведена во периодот 22 февруари – 9 март 2023 година, со примерок од 1.002 испитаници над 18-годишна возраст на целата територија на државата, преку методот лице в лице.

На прашањето „Доколку изборите се одржат следната недела за која партија би гласате?“, повеќе од половина од испитаниците одговориле дека не би гласале или дека не знаат за кого би гласале. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 17% од испитаниците, за СДСМ 12%, ДУИ доби поддршка од 8% од анектираните граѓани, 4% изјавија дека би гласале за Левица, 3% за Алијанса за Албанците, додека 1% поддршка добило Движењето Беса.

Во однос на најважните институции во политичкиот систем, Претседателот на државата има највисока доверба – 3,6, додека најниска оценка добило судството со 2,7. Собранието (3,4) и Владата (3,3) беа оценети речиси исто. Граѓаните имаат ниска доверба и во јавното обвинителство (2,7) и во политичките партии (3.0). Генерално, може да се забележи ниска доверба во сите општествени чинители и државни институции.

Истражувањето покажува дека повеќе од две третини сметаат дека животот во државата се движи во погрешна насока (69%), додека најпесимистички настроени се жителите од Вардарскиот регион (80%).

За подобро да се разберат ставовите на граѓаните за политичарите и политичките партии, во текот на истражувањето била употребена вежба со персонификација, при што било побарано од учесниците да поистоветат политичка партија со бренд на автомобил. Учесниците главно ги поистоветуваат сите политички партии со скапи и брзи коли, но истовремено и со автомобили кои често се расипуваат и за кои е потребен скап сервис.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец искршил стакла на банка во Аеродром

Вчера во 09:50 часот на подрачјето на…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Европската Унија издвои шест милијарди евра за…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

АТЕНТАТ НА ВИСОК РУСКИ ФУНКЦИОНЕР: Го избоделе…

Гувернерот на областа Мурманск, Андреј Чибис е…

Ванковска: Сè ни одземаа, освен душата –…

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата…