Ако растот на реалната плата е толку висок, како е можно една третина од работниците да се под прагот на сиромаштија?

t

Тврдењето дека „растот на реалната плата“ е двојно зголемен за една година владеење на ДПМНЕ, а инфлацијата е „стабилизирана“ како што изнесува на прес-конференции пратенкот Бојан Стојаноски, е политичка манипулација и целосно игнорирање на реалноста во која живеат над половина милион работници во Македонија, соопштија од Левица.

– ДПМНЕ ја користи тезата за растот на реалната плата од 6,7% како доказ дека наводно народот живее подобро. Но, прашањето е кој народ? Во мај 2025 година од 509.960 работници кои имале исплатена нето плата дури 374.045 работници или 73,3% добиваат плата под просечната. 169.082 работници односно 33,1% преживуваат со плата под 30.000 денари – сума која е двојно пониска од синдикалната минимална кошница, која во август 2025 достигна 65.507 денари.

Ако растот на реалната плата е толку висок, како е можно една третина од работниците да се под прагот на сиромаштија? Овој парадокс ја разобличува суштината и го истакнува фактот дека растот на реалната плата во статистиките на ДПМНЕ не го чувствуваат мнозинството граѓани.

Исто така, власта манипулативно се повикува на просечна инфлација од 3,6% за периодот јули 2024 – јули 2025. Сепак, оваа бројка е вештачки измазнета и ги прикрива реалните поскапувања на храната, енергенсите и кириите во последните кои во пет години се зголемени за 30-40%. Во реалниот живот, платите не го следат растот на цените, а работничките семејства се соочуваат со економска состојба потешка од кога било. „Стабилизирана инфлација“ постои само на хартија, додека секојдневието на народот е бележано со постојана неизвесност, долгови и осиромашување.

Левица предупредува дека економската политика на ДПМНЕ е политика на одбрана на привилегиите на малцинството наспроти интересите на мнозинството.

Наместо козметички статистички игри, потребни се итни мерки за заштита на граѓаните – ефективна контрола на цените на основните производи, зголемување на минималната плата на 500 евра, унапредување на социјалните механизми за заштита, целосна транспарентност во монетарната и фискалната политика. – стои во соопштението од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БДП пораснал за 4,3% во второто тримесечје…

Државниот завод за статистика (ДЗC) објави дека…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Зиков: ДОЗВОЛЕТЕ ДАТА ЦЕНТРИ, не се живее…

*Објава на Фејсбук на Љупчо Зиков Во…

Димовски во ТИРЗ Струмица: Работиме на создавање…

Активно се работи на дополнително подобрување на…