АКТ: Тендерската мрежа на Доновски е проширена и со други семејни и партнерски фирми
„Oмилената фирма во тендерските шеми на ВМРО – Пирамид билдинг солушнс доставила барање до Антикорупцискиот тим на СДСМ да се извини поради наводно „нарушување на угледот“. Тоа што AKT го објави се факти, аргументи и докази. 51 тендер во општините, 16 милиони евра. Сите се јавно достапни“ рече денеска на прес-конференција Петар Огњеновиќ – член на ИО на СДСМ.
Тој вели „Фирмата со 51 тендер и 16 милиони евра може да се обрати до Јавното обвинителство и од таму да бара извинување. Дали тендерската мрежа на Доновски е проширена и со други семејни и партнерски фирми? Неговата сопруга, Оливера Доновска, е сопственичка на три фирми, Дајмнод инвести ДОО Гостивар, Тргострој ДОО Скопје и Аксес инжерениг груп ДОО Увоз извоз Скопје. Аксес инженеринг груп ДОО увоз- извоз Скопје е основана во март 2019 со Филип Гулевски, со адреса БУЛЕВАР “АСНОМ” бр.68/3-21, СКОПЈЕ“.
„Истиот тој Филип Гулевски од ноември 2021 е газда и на АКЦЕС КОНСТРАКШН ГРУП увоз-извоз Скопје, регистрирана на истата таа адреса. Е сега токму оваа фирма, на 04.12.2025 година добива тендер за проектирање и изведба на спортски сали во општините Крушево и Аеродром. Вредност од 1,1 милион евра од министерството за спорт. Дали е ова случајност? Дали е ова клевета и нарушување на углед? Или ова е уште еден доказ за тендерските шеми на едни исти поединци од ВМРО-ДПМНЕ?“ праша Огњеновиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…
Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ
СДС го проби дното и ги нарече…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Петровски: Го сменија името, сега ја бараат…
*Објава на Фејсбук на Филип Петровски СЕГА…
Мицкоски: Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа…
Ги враќаме долговите на СДСМ, земаа кредити…