Акциска контрола: Пронајдена дрога, не се издавале фискални во угостителски објект во Делчево
Денеска (21.08.2022) во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2022“ полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Штип и други организациски единици од БЈБ во координирана акција со Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат и Државен трудов инспекторат извршија контрола во угостителски објект во Делчево.
При тоа, пронајдена е бела прашкаста материја, затекнати се пет малолетници по 24 часот, а утврдено е и дека едно лице без лиценца врши дејност обезбедување на објектот. Од страна на УЈП е констатирано дека нема фискални каси во објектот и ќе биде изготвено решение за негово затворање. Затекната е и малолетничка која работела како келнерка, а утврдени се и други неправилности од Државниот трудов инспекторат. Контролите продолжуваат и во наредниот период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
Потпишан договор вреден над 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ…
Делчево ќе добие реконструирана и модернизирана градска…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…