Акција на МВР: Приведени дилери од Битола, Кисела Вода и Аеродром

t

МВР известува дека во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје и Битола се приведени лица кај кои биле најдени психотропни супстанци.

На 02.12.2022 на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода Б.Б.(21), А.Б.(28) и Љ.Н.(19), сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена ќеса со прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2022 во 15.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.12.2022 во 22.05 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(33) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

Претрес во Велес: Пронајдена дрога кај 63-годишен…

Полицијата вчера привела шеесет и тригодишен велешанец…

Во Албанија уапсени повеќе од 200 луѓе…

Акцијата е изведена во текот на ноќта…